Македонија Алек Стефановски е името на првото родено бебе во 2024 година во...

Алек Стефановски е името на првото родено бебе во 2024 година во земјава

Директорката на ГАК Викторија Јовановска објасни дека во новогодишната ноќ се родиле три бебиња - сите спонтано, во првите 15 минути од новата година.

Фото: Министерство за здравство, 1 јануари 2024 година

Министерот за здравство Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, го посетија првото родено бебе во земјава во 2024 година.

„Станува збор за здраво машко дете, тешко 3.760 грама и долго 52 сантиметри. Му посакувам многу здравје, среќа и безгрижно детство а на родителите им упатувам искрени честитки за приновата во семејството. На граѓаните им ја честитам новата година и им посакувам добро здравје и успеси!“, објасни министеот Меџити.

Министерката Тренчевска откри дека бебето ќе се вика Алек.

Директорката на ГАК Викторија Јовановска објасни дека во новогодишната ноќ, на клиниката се родиле три бебиња – сите спонтано, во првите 15 минути од новата година.