Свет Балкан Албанската полиција уапси активисти за заштита на животната средина

Албанската полиција уапси активисти за заштита на животната средина

Албанската полиција уапси двајца активисти за животна средина поради испишување на името на премиерот Еди Рама на контејнери за ѓубре.

Откако собранието пред два дена го усвои Законот за увоз на отпад, активистите Клоди Лека и Бислим Лакна на социјалните мрежи повикаа на кампања за „украсување на контејнерите“ насловена „Декорирајте го вашиот град, посвојте канта за ѓубре“.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија фотографии од контејнери и од канти за ѓубре од различни албански градови на кои се испишани имињата на 63 пратеници кои го поддржаа Законот за увоз на отпад, вклучувајќи го и името на премиерот Еди Рама.