Свет Балкан Албанија го одложи отворањето на училиштата поради ниската температура

Албанија го одложи отворањето на училиштата поради ниската температура

Поради ниската дневна температура и ширењето на грипот, Албанија го одложи отворањето на училиштата по новогодишните празници.

Според прогнозите, температурата до крајот на неделата ќе падне на минус 15 Целзиусови степени, а снег ќе има во цела Албанија.

Министерството за здравство денеска предупреди дека се „создаваат поволни услови за понатамошно ширење на вирусниот грип“ и наложи цела оваа недела да бидат затворени градинките, основните и средните училишта, иако требаше да почнат да работат утре.

Министерството ги повика граѓаните да избегнуваат големи собири, да се држат подалеку од заболените со грип и им препорача да останат дома.