Свет Балкан Албанија доби нова политичка партија – Либра

Албанија доби нова политичка партија – Либра

Социјалистичката партија на Албанија денеска, првпат по 2005 година, од својата внатрешна фракција доби противничка партија, Либра.

Пратениците Бен Блуши и Мимоза Хафизи денеска ја официјализираа разделбата од Социјалистичката партија предводена од премиерот Еди Рама, по три години фракционерско дејствување во партијата и во парламентот.

Формирањето на Либра доаѓа две недели по формирањето на партијата Предизвик за Албанија.
Во своето обраќање, лидерот на Либра, Блуши, рече дека се собрале зад идеја, а не зад личност.

– Слобода, знаење и социјална еднаквост се трите цели што ме натераа да ја преземам оваа иницијатива. Ова ќе биде партија која ќе ги земе предвид интересите на средната класа и која ќе се бори за инклузивно носење одлуки – рече во својот говор Блуши.