Свет Европа Ако жена во Швајцарија носи бурка, следува казна од 9.200 евра

Ако жена во Швајцарија носи бурка, следува казна од 9.200 евра

Жените што на јавно место во Швајцарија носат бурка, која целосно им го покрива лицето, би можеле да добијат казна од 6.500 фунти, но сè уште не се знае кога овој закон ќе стапи на сила.

На муслиманките нема да им биде дозволено да носат бурки во продавници, ресторани и во државни установи во швајцарскиот кантон Тичино, во кој се зборува италијански.

Најмалата казна е 100 франци (92 евра), а може да достигне дури 10.000 франци (9.200 евра).

Швајцарскиот парламент вели дека забраната не е против федералниот закон, но сè уште не се знае кога правилото ќе стапи на сила.

Посетителите што доаѓаат во Тичино, ќе бидат информирани на аеродром дали е илегално да се крие лицето под бурка.