Македонија Ако за три дена не го ослободат Бошкоски, ОМ ќе ги радикализира...

Ако за три дена не го ослободат Бошкоски, ОМ ќе ги радикализира протестите

Доколу најдоцна за три дена претседателот на Обединети за Македонија (ОМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор, партијата ќе ги радикализира протестите, најави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки.

Тој изјави дека трпението на членството и поддржувачите на партијата е при крај и доколку директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски не го потпише решението за ослободување на Бошкоски, против него ќе поднесат кривична пријава за продолжена тортура.

– Праќаме јасна порака до директорот на затворот Живко Пејковски, веднаш и без одлагање да го потпише решението за ослободување на Љубе Бошкоски, кој незаконски и без основ го држи во заточеништво повеќе од три недели – рече Милососки.

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој присуствуваше на прес-конференцијата, рече дека ако Бошкоски не биде веднаш осолободен работите ќе тргнат во несакан правец.

Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека отвара истражна постапка под кодно име „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски во ден по изборите во 2011 година. Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој според СЈО бил нарачател на апсењето. Останатати шестмина осомничени се припадници на мобилната полициска едница „Алфи“.

На Бошкоски во јуни му истекува петгодишната затворска казна за случајот „Кампања“, но, загласно прописите тој може да биде ослободен 90 дена порано.