Македонија Ако лидерите вечерва се договорат, законите утре на собраниска седница

Ако лидерите вечерва се договорат, законите утре на собраниска седница

Во Клубот на пратеници почна средбата на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Се очекува лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино да го кажат последниот збор околу спорните прашања за законот за влада и за законот за приватност.

На средбата присуствуваат и амбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава, Џес Бејли, и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте.

Доколку лидерите на политичките партии вечерва се договорат за нерешените прашања поврзани со Договорот од Пржино, можно е законите уште утре да се најдат на собраниска седница.