Македонија Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, нема предвремени избори

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, нема предвремени избори

Ако до 10 јуни не се договори преодна влада, договорот за избори во април отпаѓа, објави „Нова ТВ“.

По долгата и тензична средба помеѓу лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со американскиот амбасадор Џес Бејли, кој им се приклучи подоцна, беше најавено дека на средбата паднал договор за предвремени парламентарни избори во април догодина, кои ќе ги организира некаков вид преодна влада.