Свет Свет АКАП: Обама им пресуди на заложниците во Јемен

АКАП: Обама им пресуди на заложниците во Јемен

Американскиот претседателот на Барак Обама е целосно одговорен за загинувањето на двајцата заложници во Јемен при неуспешната спасувачка операција на американските и на јеменските специјални сили, соопшти групата Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.

– Обама ја потпиша смртната пресуда на својот американски сограѓанин Лук Сомер, како и таа на јужноафриканскиот заложник Пиер Корки – соопшти Насер ал Анси, еден од лидерите на АКАП.