Дописници „Ајде“ собра 110 потписи во Штип

„Ајде“ собра 110 потписи во Штип

Штипската Фондација за локален развој успеала да собере 110 потписи во рамките на акцијата на граѓанската иницијатива „Ајде“, за оспорување на таканаречениет Закон за хонорарци. Во Штип поголемиот дел од потписите се на актери, преведувачи и на невладини активисти. Платформата за граѓански политики „Ајде“ успеала да собере повеќе од 5.500 потписи од граѓаните.

Со потписите, до Уставниот суд граѓанските активисти ќе достават и иницијатива со која ќе побараат укинување на законот, како противуставен. За „Ајде“ спорен е делот од законот, со кој се предвидува хонорарците да плаќаат придонеси.

Платформата во период од две седмици собираше потписи од граѓаните во Скопје, Битола, Кратово, Крива Паланка, Дебар, Тетово, Штип, Прилеп, Струга, Делчево, Струмица, Куманово, Берово, Кавадарци и во Кичево.