Македонија „Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

„Ајде“ донираше вода за настраданите од поплавите во Тетовско

Граѓанската платформа „Ајде“ и Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија, денеска донираа 1,4 тони вода за настраданите од поплавите во село Шипковица, Тетовско.

„Локалното население, организирано преку кризниот штаб, постојано е на терен и трага по шестгодишното исчезнато девојче, организира помош која тековно пристигнува и ги расчистува наносите од камења, дрва и од шут кои уништија голем дел од селото. Речиси и да не постои куќа во која не влегла вода, 90 куќи се оштетени, а 25 се целосно уништени. Населението од Шипковица има потреба од вода, конзервирана храна, лекови, кебиња, сунѓери и од облека. За секоја донација, препорачуваме претходна консултација со кризниот штаб во Шипковица“, апелираат од „Ајде“.