Свет Европа АИ: Договорот меѓу ЕУ и Турција има правни недостатоци

АИ: Договорот меѓу ЕУ и Турција има правни недостатоци

Договорот на Европската Унија за враќање на илјадници мигранти назад во Турција е погрешен затоа што Турција не може да се смета за сигурна земја, соопшти денеска невладината организација за заштита на човековите права „Амнести интернешнал“.

– Договорот на ЕУ и на Турција за мигрантите има сериозни правни и морални недостатоци – оцени директорот на АИ за Европа, Иверна Мекгован.

Таа изјави дека Турција не може никому да пружи адекватна заштита, како и дека во таа земја во моментов се наоѓаат 2,7 милиони белагци од Сирија.

АИ наведува дека Сиријците често се принудени да се вратат надвор од турските граници. Таа истакна дека условите во кои живеат бегалците во Турција се „целосно неадекватни“.