Македонија Ахмети: Сите партии треба да учествуваат во носењето на вечерашната одлука во...

Ахмети: Сите партии треба да учествуваат во носењето на вечерашната одлука во Собранието

Сите потписници на Договорот од Пржино треба да учествуваат во усвојувањето на вечерашната одлука во Собранието, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.

Според Ахмети, би било грешка да се донесе одлука без учество на сите страни.

– Секако, и во овој случај, фанатично го браневме Договорот во интерес на неговото исполнување. Сметаме дека сите страни потписнички треба да бидат учесници во актот за усвојување на вечерашната одлука во Собранието – истакна Ахмети, додавајќи дека ДУИ неколкупати ги има сменето своите ставови, но само во интерес на продолжувањето на евроатлантската интеграција на земјата.