Свет Европа Аеродромот во Брисел остана без струја

Аеродромот во Брисел остана без струја

На бриселскиот аеродром рано утринава снема струја поради што привремено била запрена регистрацијата на патниците.

Дефектот во меѓувреме бил поправен, изјави портпаролката на аеродромот.

Прекинот на електричната енергија се случил во 6 часот утрината во секторот за заминувања, кој минатата недела беше целосно ставен во функција откако целосно беше уништен во самоубиствениот бомбашки напад на Исламска држава на 22 март, кога беа убиени 16 лица.