Спорт Спорт Свет Адријано поврзан со наркокартел

Адријано поврзан со наркокартел

Поранешниот бразилски фудбалски интернационалец и напаѓач на Интер, Адријано е обвинет за врски со наркокартел во Рио де Женеиро, јавува „Би-Би-Си“.

Обвинителството тврди дека Адријано на наркодилерите им го дал својот мотоцикл за да го користат при криминални активности.

Бразилскиот фудбалер имаше успешна кариера во Италија, освојувајќи титула со Интер, но поради недисциплина и повреди, ја прекина кариерата.

Првите обвиненија за неговата поврзаност со наркокартелот се појавија во 2010 година, кога бразилската полиција соопшти дека Адријано во 2008 година купил мотор и го регистрирал на име на наркодилерот Паул Рожери де Соуз Паз, познат како Мица.

Мотоциклот служел за пренос на дрога во едно предградие на Рио де Женеиро, кое го контролира моќната наркоорганизација „Командо вермељо“ (Црвена команда). Адријано тогаш ги отфрли обвиненијата за поврзаност со наркокриминалот.

Обвинителството засега не бара апсење на Адријано, но бара да му се одземе пасошот.