Дописници Адеми: Политичката криза влијае на евроатланскиот процес на Македонија

Адеми: Политичката криза влијае на евроатланскиот процес на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Арбер Адеми, се надева дека политичарите ќе најдат решение за излез од политичката криза, која го кочи евроинтеграцискиот процес на Македонија.

– Ние, како политичари, треба да најдеме решение, треба да најдеме волја да излеземе од овој политички лавиринт, тоа им го должиме на нашите граѓани. Затоа мислам дека ќе се најде решение, ќе се најде политичка волја за да излеземе од оваа политичка криза. Се разбира дека секој застој во нашата држава се рефлектира и во евроатланскиот пат, затоа мислам дека политичките чинители ќе најдат волја за излез од политичката криза – изјави вицепремиерот Адеми.