Македонија Адеми: Испитната сесија ќе се одвива електронски како што е донесено и...

Адеми: Испитната сесија ќе се одвива електронски како што е донесено и со уредбата пред еден месец

Фото: Арбнора Мемети

На денешната прес-конференција, министерот за образование Арбер Адеми соопшти дека поради укинувањето на државната матура, на факултетите ќе имаат можност да се запишат и средношколците што ќе добијат диплома за завршено средно образование. Тој не ја исклучи можноста за квалификационен т.е. приемен испит, што е пракса за одредени факултети, доколку се пријават поголем број на средношколци со ист просек.

Во однос на престојната јунска испитна сесија на факултетите, министерот потенцираше дека уште пред еден месец кога е донесена уредбата, со истата е најавено дека сите колоквиуми, испити, одбрана на магистерски и докторски трудови ќе се одвиваат преку електронска комуникација.

„Повеќе универзитети започнаа и завршија со колоквиумите и до сега не е нотиран некаков проблем во тој процес. Во оделни студентски програми и по некои предмети постојат предизвици и проблеми и е невозможно преку онлајн средства да се огранизира испит или колоквиум. Каде што тоа не е возможно, тие ќе бидат ослободени од оваа обврска“, изјави Адеми.