Хроника Автомобил со кумановски таблички оштетен во Паралија

Автомобил со кумановски таблички оштетен во Паралија

Во местото Паралија било оштетено патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето Д.С., јавува Министерството за внатрешни работи.

Табличките на сопственикот на возилото му биле испрскани со црн спреј во делот на ознаката „МК“, како и дел од предниот и од задниот браник покрај табличките при што е прекриена ознаката „МК“.

Инаку, како што информира МВР, изминатиов период, граничната полиција евидентирала неколку случаи на оштетување возила на македонски државјани кои летувале во Грција.

Станува збор за четири случаи пријавени на граничниот премин Богородица, во периодот од 28 август до 8 септември годинава.