Свет Абот: Можни се нови напади во Австралија

Абот: Можни се нови напади во Австралија

Премиерот на Австралија, Тони Абот, денеска предупреди дека се можни нови напади во земјата, додавајќи дека безбедносните служби регистрирале засилена комуникација меѓу терористите по минатонеделниот напад во сиднејското кафуле „Линд“.

Абот истакна дека засега немаат податоци кога ќе се случи тоа, ниту, пак, знаат какви се намерите, но имаат податоци дека се способни за нови напади.

Австралискиот премиер не го зголеми нивото на опасност од тероризам, кое во моментов е особено високо, но ги повика жителите да бидат повнимателни, притоа уверувајќи ги во ефикасноста на безбедносните служби.