Свет Балкан 81-годишен пациент почина од западнонилска треска во Србија

81-годишен пациент почина од западнонилска треска во Србија

Во Србија се регистрирани три случаи на лица заболени од западнонилска грозница, од кои едно веќе им подлегнало на последиците на болеста.

„Врз основа на податоците доставени до Институтот и од лабораториските наоди, регистрирани се три случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои едно почина од последици што можат да се доведат во врска со оваа болест“, се наведува во денешното соопштение на Институтот.

Во соопштението се посочува дека починатиот пациент бил на возраст од 81 година.

Две од лицата заболени од западнонилска треска поттекнуваат од Јужен Банат, а третото од областа Мачва.