Дописници Опозициските советници побарa расправа за Плаошник и за Студенчишко блато

Опозициските советници побарa расправа за Плаошник и за Студенчишко блато

Опозициските советници во градскиот Совет на Охрид доставија и официјално барање до претседавачот на Советот, Гордана Коњаноска, на 38. седница, на дневен ред да бидат ставени како посебни две точки, информација за реализација на ДУП кај локалитетот Плаошник и информација за урбанистичките планови за Студенчишко блато.

Расправата за наведените точки беше иницирана и на последната седница на Советот, од советникот Дејан Блажески од ЛДП, а иницијативата беше поддржана и од другите опозициски советници. Предлогот не беше прифатен од мнозинството во Советот, а претседавачот најави дека овие точки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница.

Опозицијата, исто така, побара на седницата на која ќе се расправа по предложените точки, да присуствува министерот за транспорт и врски и експерти од Хидробиолошкиот завод и претставници на еколошките друштва.

В.М.