Дописници 54 килограми дрога запленети на Ќафасан

54 килограми дрога запленети на Ќафасан

Педесет и четиригодишниот Г. Ќ., жител на албанскиот главен град Тирана, е фатен на граничнииот премин Ќафасан, на излез од Република Албанија кон Република Македонија, со 54 килограми марихуана.

Шверцуваната дрога била пронајдена во товарно возило, откако при проверка скенерот открил седумдесет сомнителни кесички.

Лицето е веднаш приведено.