Свет 516 лица се повредени во експлозија во забавен парк во Тајван

516 лица се повредени во експлозија во забавен парк во Тајван

Вкупно 516 лица се повредени од експлозијата во забавен парк, кој се наоѓа во близината на Тајпеј.
Во болница вкупно се задржани 410 лица, од кои 180 се на интензивна нега.

До силна детонација дошло околу 20.30 часот по локално време, кога се одржувала голема забава, на која присуствувале околу 1.000 луѓе. Во еден момент, врз лицата кои се забавувале, било испуштено поголемо количество спреј во боја за да ја поттикне забавата, но тој спреј нешто запалил и сè вивнало во оган.

Иако истрагата за причината за експлозијата е на почеток, засега се претпоставува дека до детонацијата дошло поради високата температура. На распит во полиција задржани се организаторот и двајца техничари.