Македонија 500 граѓани се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење

500 граѓани се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење

Од јуни 2014 до јуни 2015 година, во Центрите за јавно здравје, 500 лица се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење. Половина од пријавените, кои ги посетувале едукативните предавања, биле здравствени работници.

Советувалиштата се достапни  за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје и во нив работи стручен и обучен кадар од доктор – специјалист и медицинска сестра, а по потреба и други соработници (социјален работник, психолог и др.), кои одржуваат едукативни предавања со фокус на презентирање на штетните ефекти од пушењето врз здравјето на пушачите, како и на штетните влијанија од тутунскиот чад за околината.