Хроника 46-годишен жител на кратовско Живалево пронајден мртов во Охридско Езеро

46-годишен жител на кратовско Живалево пронајден мртов во Охридско Езеро

Безживотно машко тело, синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридско Езеро, на плажата Горица 1.

Телото е пронајдено од спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото, на плажата во близина на поранешниот хотел „Парк“.

– По извршениот увид на местото на настанот, предводен од јавен обвинител и од полициски екипи, констатирано е дека станува збор за Гоце И. (46) од кратовското село Живалево – информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство, а медицинска екипа констатирала смрт од срцев удар.