Свет Свет 42 лица загинаа во напад на екстремисти од Боко харам

42 лица загинаа во напад на екстремисти од Боко харам

Најмалку 42 лица се убиени денеска во напад на екстремистите од Боко харам во нигериската држава Борно, во северозападниот дел на земјата, еден ден откако 12-годишно девојче активираше експлозив и уби најмалку десет и рани уште 30 лица.

„Примивме извештаи за нападите за кои постои сомневање дека ги извршиле вооружени напаѓачи од Боко харам во две села во кои се евидентирани 42 смртни случаи“, изјави анонимен претставник на властите од градот Биу во Борно.