Дописници 3,3 милиони евра за промоција и за поддршка на македонскиот туризам

3,3 милиони евра за промоција и за поддршка на македонскиот туризам

Годинава за промоција и за поддршка на туризмот во земјава ќе бидат потрошени 205.950.000 денари, или 3,3 милиони евра.

Од вкупната сума, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот распределила околу 2,2 милиони евра субвенции на странскиот туристички промет, односно на туристичките оператори и агенции.

За подготвување, печатење и за дистрибуција на промотивен материјал наменети се пет милиони денари. Планирано е печатење и дистрибуција на печатен промотивен материјал во шест брошури со разни тематски содржини. Покрај брошурите, ќе бидат подготвени и водичи, мапи, карти и друг помал промотивен материјал.

Агенцијата планира промоција на Македонија на околу 20 светски туристички саeми, за што ќе потроши вкупно 22 милиони денари.

За билборд-кампањи, реклами во печетени медиуми, електронска промоција и за телевизиски кампањи, планирани се 13 милиони денари.