Македонија 13-месечно бебе трета жртва од морбили

13-месечно бебе трета жртва од морбили

Синоќа 13-месечно бебе на Клиниката за детски болести починало од компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство.

Детето, кое е од тетовскиот регион претходно не било вакцинирано.

Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе.

Според информации од Детската клиника уште неколку деца се во критична ситуација.

Од Министерството апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината.