Главна секција Дванаесет мртви во напад врз сатиричен весник во Франција

Дванаесет мртви во напад врз сатиричен весник во Франција

Дванаесет лица – десет новинари и двајца полицајци – загинаа во напад врз редакцијата на францускиот неделен сатиричен весник „Шарли ебдо“ утринава во Париз.

Три тешко вооружани маскирани лица упаднале во редакцијата на весникот и почнале да стрелаат, според сведоците.

„Шарли ебдо“ е познат сатиричен весник кој често бил мета на критика и на контроверзи.

Редакцијата беше нападната еднаш, но при тоа беше предизивикана само материјална штета, по што новинарите беа принудени да работат во седиштето на весникот „Либерасион“. Ова беа новите канцеларии на редакцијата.

Претседателот Франсоа Оланд најсилно го осуди нападот како „акт на екстремно дивјаштво“.

Реакции пристигаат од целиот свет.

Идентитетот на убијците не е познат. Истрагата е во тек.