Македонија ДИК го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

ДИК го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Во Државната изборна комисија денеска беше спроведено жребувањето за редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче.

Кандидатот на албанската опозиција Блерим Река ќе биде прв на избирачкото ливче, втора е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова, а трет е кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

Бројчињата ги влечеа претставниците на нивните изборни штабови, кои исто така потпишаа Кодекс за коректно однесување на престојните избори со цел да има коректен натпревар помеѓу сите учесници.

Членот на ДИК, Борис Кондарко упати апел до кандидатите да се придржуваат кон членот 68 од Изборниот законик, во кој е детално дефинирано што се се подразбира по кампања, од која тие треба да се воздржуваат до нејзиниот официјален почеток, на 1 април.