Македонија Зоолошката градина доби инклузивно игралиште за деца и лица со попреченост

Зоолошката градина доби инклузивно игралиште за деца и лица со попреченост

Игралиштето се простира на површина од 200 метри квадратни и на него се поставени реквизити кои се соодветни и безбедни за користење за децата со попреченост

Фото: Град Скопје

Зоолошката градина доби инклузивно игралиште наменето за социјализација и рекреација на децата и лицата со попреченост. Игралиштето, кое го опреми Градот Скопје, се простира на површина од 200 метри квадратни и на него се поставени реквизити кои се соодветни и безбедни за користење за децата со попреченост.

Во изминатите три месеци Градот Скопје набави нови специјално адаптирани моторни возила, со цел да се подобри движењето на децата и лицата со потешка телесна инвалидност и со кои во голема мера ќе се олесни нивното секојдневие. Доделени се и пет електрични скутери за лица со телесна попреченост, а се подготвува за отворање и новиот дневен центар за деца со попреченост.

„ЗОО Скопје како општествено одговорно јавно претпријатие редовно организира посети на деца и лица со попречености со цел нивна интеграција и едукација, а Градот Скопје со цел подобрување на условите за вклученост и социјализација на децата со попреченост, со континуирани инвестиции обезбедува пристапност за сите“, рече градоначалничката Данела Арсовска.