Економија Знаменитостите на Крим на нова руска банкнота

Знаменитостите на Крим на нова руска банкнота

Руската централна банка издаде банкнота на која се наоѓаат главните споменици на црноморскиот полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во март 2014 година.

Банкнотата со номинална вредност од 100 рубли (околу 1,29 евра) испечатена е во чест на влезот на Крим и на Севатсопољ во Русија, се наведува во соопштението на централната банка.

На банкнотата се наоѓаат главните архитектонски споменици на Крим како што е замокот кај Јалта и споменикот на потонатите бродови од Севастопољ, каде што се наоѓа руската флота на Црно Море.

Банкнотата е испечатена во 20 милиони примероци.