Македонија Зијадин Села пренесен во Ургентен центар, МВР апелира да не се попречува...

Зијадин Села пренесен во Ургентен центар, МВР апелира да не се попречува полицијата

Додека во Собранието на Република Македонија се врши евакуација на преостанатите пратеници, Зијадин Села е веќе префрлен во Ургентен центар во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според соопштението, во 20.40 часот, Митко Чавков, директорот на Бирото за јавна безбедност, издал наредба на полицијата медицински лица да влезат во Собранието и да им помагаат на повредените.

„МВР ги повикува граѓаните што се наоѓаат околу Собранието на Република Македонија да не даваат отпор на полицијата и да не ги попречуваат возилата на итната медицинска помош при евакуација и укажување помош на тешко повредените пратеници, граѓани и полицајци“, се вели во соопштението.