Спорт Познати противниците на ЖРК Вардар во Лига на шампиони

Познати противниците на ЖРК Вардар во Лига на шампиони

Ракометарките на Вардар ќе играат во Ц-групата во Лигата на шампионите против дански Митјиланд, со Хипо од Австрија и, веројатно, со унгарски Ѓер. Македонскиот ракометен шампион го избегна европскиот шампион Будуќност во групната фаза од Лигата на Шампиони.

Тимот на Вардар две сезони по ред го освојува третото место.

Пласман во втората фаза ќе изборат најдобрите три тима од секоја група.

Фазата по групи во Лигата на шампионките ќе почне на 16 октомври, додека втората фаза ќе почне на 8 јануари 2016 година. Четвртфиналето е од 1 април, а натпреварите на финалната четворка се на 7 и на 8 мај во Будимпешта.