Хроника Жител на Бајрамовци пуштил во оптек лажни евра

Жител на Бајрамовци пуштил во оптек лажни евра

Дебарската полиција поднела кривична пријава против С.М. (27) од село Бајрамовци, Центар Жупа, осомничен дека пуштил во оптек лажни евро-банкноти.

Според полицијата, осомничениот во текот на минатата година набавил и повеќепати пуштил во оптек лажни банкноти во апоени од 50 евра.

Полицијата кон средината на декември извршила претрес и во неговиот паричник ги нашла лажните банкноти.

Против С.М. е поднесена кривична пријава за фалсификување пари.