Македонија Жерновски утре ќе го соопшти ставот за улицата што ќе се гради...

Жерновски утре ќе го соопшти ставот за улицата што ќе се гради на Кеј 13 Ноември

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска се сретна со сопствениците на угостителските објекти стационирани на Кеј 13 Ноември.

Како што пишува во соопштението на Општината, кафеанџиите биле револтирани и загрижени од одлуката на Градот за изградба на улица на Кејот.

Сопствениците побарале од Жерновски да преземе сè што е во негова надлежност за да ја спречи изградбата на улицата.

Градоначалникот ги информирал кафеанџиите дека утре ќе ги соопшти ставовите и конкретните чекори што Општината ќе ги преземе.