Свет Жена што му покажала среден прст на Трамп остана без работа

Жена што му покажала среден прст на Трамп остана без работа

Џули Брискман, која му покажала среден прст на претседателот на САД, Доналд Трамп, кога неговата колона минувала покрај неа додека таа возела велосипед, е отпуштена од работа.

Нејзиниот потег го сликал фотографот на Белата куќа, Брендан Смијаловски. Брискман работела за „Екима ЛЛЦ“, агенција за маркетинг и за комуникации, базирана во сојузната држава Вирџинија.

– Ми рекоа „сакаме да се разделиме од тебе”. Всушност, ми кажаа дека не можам да имам „непристојни“ и „безобразни“ работи на социјалните мрежи. Значи, според нив, тоа што му покажав среден прст е „безобразно“ – вели Брискман, која е самохрана мајка.

Инцидентот се случил на 29 октомври, кога конвојот возила во кои бил Трамп напуштал еден од приватните голф-терени на Трамп во Стерлинг, Вирџинија.