Дописници Железничката линијата кон Кочани повторно е во функција

Железничката линијата кон Кочани повторно е во функција

Железничката линија од Кочани кон Скопје, по пожарот на локомотивата што се случи пред две недели, повторно е во функција.

Пожарот на локомотивата го актуелизираше проблемот со единствната железничка линија што води кон Кочани, по што раководството на „Македонски железници“ излезе со најава дека се размислува за нова линија.

– Годинава размислуваме да воведеме редовна патничка линија од Кочани за Штип и обратно, на барање на жителите на Кочани, а ќе може да стартува по најавената модернизација на железничкиот сообраќај -рече директорот Никола Костов.

Според направената анализа, секојдневно од Кочани за Штип и обратно патуваат 460 студенти, кои ќе бидат главни патници на оваа линија. За наредната година е планирана реконструкција на железничките станици во Кочани и во Штип.

Меѓутоа, прболем е состојбата со пругата, по која не можат да возат новонабавените возови ниту, пак, пругата е електрифицирана за новите вагони да бидат привилегија на жителите на Источна Македонија.