Свет Еден загинат и 60 повредени во железничка несреќа во Алжир

Еден загинат и 60 повредени во железничка несреќа во Алжир

Најмалку едно лица загина, а 60 се повредени во судир на два воза кај алжирскиот град Бумардес, јавуваат локалните медиуми.

Веста за железничката несреќа ја потврди и директорот на националната железница на Алжир, Јасин Бенџабалах.

Возовите сообраќале на релација меѓу главниот град Алжир и Тенија. Повредените патници веднаш се хоспитализирани.

Засега не се откриваат повеќе детали за тоа како дошло до несреќата.