Македонија Железничарите бојкотираат оти не зеле плата, возот Скопје-Битола не сообраќа

Железничарите бојкотираат оти не зеле плата, возот Скопје-Битола не сообраќа

Поради бојкотот, не тргна возот од Скопје за Битола во 14:30 часот

Фото: Борче Поповски

Извршниот и машинскиот персонал на „Железници транспорт“ денеска почна бојкот, оти не им е исплатен вториот дел од февруарската плата, а не е исплатена ниту ноќната работа на кондуктерите. Тие најавија дека бојкотот ќе трае додека не им се исполнат барањата.

Според Тони Димовски, претставникот на машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ вработените во „Железници“ бараат и зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, но и вработување на 40 машиновозачи – барање кое, како што велат, во февруари годинава го испратиле до Владата и до Министерството за транспорт и врски.

Поради бојкотот, не тргна возот од Скопје за Битола во 14:30 часот.