Македонија Жбогар и Тимоние денеска ќе го промовираат „ЕУ за тебе“ во Берово

Жбогар и Тимоние денеска ќе го промовираат „ЕУ за тебе“ во Берово

Евроамбасадорот Самуел Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние денеска, во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ ќе ја посетат општина Берово и ќе се сретнат со градоначалникот Драги Наџински.

Според програмата на ЕУ, во Берово ќе е инвестираат повеќе од три милиони евра за реконструкција и изградба на канализациската мрежа.

Кампањата „ЕУ за тебе“ почна на 27 јануари во Кичево, а нејзината цел е да ги информира граѓаните за помошта што ЕУ и ја нуди на земјава.