Свет Европа Жан Марк Еро е новиот шеф на француската дипломатија

Жан Марк Еро е новиот шеф на француската дипломатија

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, го именуваше поранешниот премиер, Жан Марк Еро, за министер за надворешни работи. Еро беше премиер на Франција од 2012 до 2014 година.

Во рамки на помалата реконструкција на владата, Оланд, исто така, го именуваше членот на Француската партија на зелените, Емануел Коса, за министер за домување.

Уште двајца политичари од партијата на зелените беа именувани за потсекретари во новата владата, што се толкува како настојување на Оланд да ја прошири политичката база пред изборите закажани за 2017 година.

Министерот за надворешни работи, Лоран Фабиус, вчера се повлече од политиката затоа што беше именуван за претседател на францускиот уставен совет.