Главна секција Зголемено обезбедување околу судовите заради Диво Насеље

Зголемено обезбедување околу судовите заради Диво Насеље

Денеска во Врховниот суд почна јавната седница за оценување на обвинителниот акт за Диво Насеље.

Зад судовите се паркирани неколку полициски возила хермелин. Полицaјци со автомати има уште на мостот Гоце Делчев, а полициско обезбедување има на сите влезови на судовите.

Денеска обвинителот што го има преземено случајот треба да го претстави обвинителниот акт пред Советот на судии, кои ќе треба да одлучат дали има или нема основа за случајот да оди на главна расправа.

Свое видување за обвинителниот акт треба да дадат и адвокатите на обвинетите.