Економија Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,1 отсто, сушениот зeленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 отсто, свежата и разладената риба за 0,3 отсто.

Индексот на трошоците на живот во март 2016 година, во споредба со истиот месец лани, бележи намалување од 0,4 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,1 отсто.