Македонија Зголемен водостојот на Вардар, Брегалница и на Дојранско Езеро

Зголемен водостојот на Вардар, Брегалница и на Дојранско Езеро

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрирала повисоки водостои во однос на просекот за ноември на реката Вардар кај Зајчев Рид, Велес и кај Демир Капија, како и на реката Брегалница кај Берово.

Регистриран е значително зголемен водостој и на Дојранско Езеро, додека нивоата на Охридско и на Преспанско Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината.

Под просекот за ноември се нивоата на Вардар кај Јегуновце, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска бања, Крива Река кај Крива Паланка, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани.