Свет Европа Зголемен степенот на готовност во седиштето на НАТО

Зголемен степенот на готовност во седиштето на НАТО

Седиштето на НАТО во Монс, оддалечено 65 километри од Брисел, е на висок степен на готовност поради денешните терористички напади во главниот град на Белгија.

Во нападите на аеродромот и на метро-станиците во близина на седиштето на ЕУ, загинаа 34, а ранети се 230 лица, од кои десетина се во критична состојба.

– Сите застанавме со нашиот сојузник Белгија на овој црн ден. Ова е кукавички чин, напад на нашите вредности и на отвореното општество. Тероризмот нема да ја победи демократијата и да ја однесе нашата слобода – истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Исламска држава, која се закани со нови „црни денови“ за тие што се борат против неа.