Македонија Зголемен е индексот за перцепција на корупцијата во Македонија, оцени ТИ

Зголемен е индексот за перцепција на корупцијата во Македонија, оцени ТИ

Македонија, според меѓународната организација „Транспаренси интернешнл“, со индекс на перцепција на корупција 37, се наоѓа на 90. место од 176 земји колку што се рангирани во 2016 година, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Земјите се рангираат како многу корумпирани (0) до многу „чисти“ без корупција (100).

Минатата година Македонија од 168 земји беше на 66. место со индекс на перцепција 42. Ако се спореди индексот на перцепција, тоа значи дека перцепцијата за корупцијата во Македонија е зголемена.

Во 20016 година, 69 отсто од земјите од вкупно 176 се наоѓаат под индексот 50 на скала од 0 (високо корумпирани) до 100 (земја без корупција).

Индексот на перцепција на корупцијата се прави врз основа на процената на експертите, претставници на институциите и на бизнисмените, заедно со истражувањето што го спроведува меѓународната организација.