Дописници Зголемен бројот на туристи во Охрид

Зголемен бројот на туристи во Охрид

 

Во јануари најбројни гости во Охрид биле странските туристи од Албанија, Грција, Србија и Турција.

Бројот на туристи во јануари, во однос на истиот месец од минатата година, е зголемен за 16,3 отсто.

Зголемен е и бројот на ноќевања за 20,2 проценти.

Бројот на домашните туристи во јануари 2016 година е зголемен за 14,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 17, 5 проценти.

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, во првите два месеци од годинава, превезени се 7.682 патници што во споредба со истиот период од 2015 година, кога биле превезени 3.092 патници, претставува зголемување од 148,4 проценти.