Од август наредната година веб-прелистувачот Интернет Експлорер ќе престане да работи на продуктите на „Мајкрософт“ како што се Office 365, Outlook, OneDrive и други. Како што беше споменато во блогот, тимот на „Мајкрософт“ потврдил дека ќе ги укине поддршката и развојот на Интернет Експлорер, почнувајќи од 30 ноември годинава.
Креаторите на забавни содржини на социјалните мрежи најавата за згаснувањето на Интернет Експлорер ја поздравија со хумор на сметка на веб-прелистувачот, затоа што мал број луѓе го користеа за пристап до интернет, поради тоа што бавно ги вчитуваше страниците.
Одлуката на Мајкрософт не беше неочекувана, затоа што на пазарот опстојуваат многу подобри веб-прелистувачи, додека Интернет Експлорер не нудеше нешто поинакво или подобро.
Дел од корисниците на социјалните мрежи се присетуваа на нивното прво искуство со интернетот токму преку овој веб-прелистувач.
Сè уште не е сигурно кога Интернет Експлорер ќе биде повлечен целосно, но компанијата ги охрабрува корисниците да го користат Microsoft Edge прелистувачот, чија нова верзија беше претставена пред извесно време.