Свет Балкан Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Грција, епицентарот бил близу островот...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Грција, епицентарот бил близу островот Китнос

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11.53 часот, се наоѓа на 17 километри северо-североисточно од островот Китнос

Мапа: google maps

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер се случи денеска околу пладне во близина на западниот кикладски остров Китнос, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Потресот бил почувствуван во Атина и во други грчки градови, јави грчки Катимерини.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11.53 часот, се наоѓа на 17 километри северо-североисточно од островот. Фокусната длабочина на земјотресот е проценета на 14,4 километри.

Грција се наоѓа во една од сеизмички најактивните области во светот, а земјотресите се вообичаени. Сепак, жртвите и големите штети се ретки појави.